ДУИ ќе има 5 заменици-министри од вкупно 16 – управите ќе чекаат до другата недела

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Утре или најдоцна во вторник ќе се знаат имињата на заменик –министрите и државните секретари, изјави првиот вицепремиер Артан Груби. Тој ги нарече шпекулации објавените имиња низ неколку портали потврдувајќи го името на само петмина заменик – министри.

Што се однесува до државните секретари, Груби објави само две: Државен секретар  во Министерството за политички систем и Државен секретар во Министерството за култура, а за другите три позиции рече дека ќе бидат назначени другата недела.

Иако Груби не ги откри имињата на тие кои ќе седнат во заменик- министерското столче, се зборува дека во Здравство ќе биде Илир Хасани, во Правда Агим Нухиу, во Транспорт и врски Беким Реџепи и во Одбрана Башким Хасани, во МВР Назим Буши. Тоа што е официјално е дека ДПА ја има назначено Фатмире Исаку за заменик министер во МНР. Ниту од СДСМ не откриваат имиња туку велат дека се уште се одвиваат партиските консултации за назначување заменик -министри.