ДУИ негира дека се меша во работата на Врховен – Османи: ДУИ нема никаков интерес, стравот е кај ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Политичкиот притисок врз врховните судии нема врска со ДУИ, вели потпретседателот на оваа партија, министерот Бујар Османи, одговарајќи на обвинувањата на албанската опозиција дека се врши политички притисок врз врховните судии.

„Најлошата теза што понекогаш ја користат и албанските политички партии е застапеноста на Албанците во институциите да се прикаже како партиска и политичка екстензија. Ова е најголемата грешка бидејќи доаѓа од стравот од еднаквоста, ништо друго. Ова е прва теза. Второ, ДУИ нема никаков интерес да биде вмешана во некаков притисок во врска со конкретниот случај за кој зборувавте и за поранешниот премиер Груевски. Ова е битка внатре партијата ВМРО-ДПМНЕ. Постои страв од враќање, поделба на партијата, слабеење на партијата“, вели Бујар Османи.

Гласините за политички притисок врз Судството најпрвин дојдоа од албанската опозиција. Опозицискиот фронт ја обвини ДУИ дека врши невиден притисок врз судиите и дека сака да го уништи секој столб на демократијата.

„ДУИ не е заинтересирана за ЕУ и за уставните измени. Ним им треба Груевски да се обиде да прави политички пазарења со ВМРО-ДПМНЕ за влез во проширена влада, пазарејќи се со идните пратеници на СДСМ. Искрено жалам за нивото на кое паднаа Али Ахмети и ДУИ, а народот жестоко ќе го осуди тоа на денот на изборите!“, вели Изет Меџити

Истиот ден овие тврдења ги потврди и претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми. Таа во понеделник беше повикана на состанок во Судскиот совет за образложување на проблемите, но Адеми не одговори на поканата со образложение дека има преоптоварена агенда и дека тоа не се нови проблеми. Таа го обвини Судскиот совет дека во минатото не презел ништо за решавање на овие проблеми. Од Судскиот совет, пак, велат дека ќе продолжат да ги истражуваат овие притисоци врз судиите, дури и да ги поканат сите поединечно.

Министерот за правда Кренар Љога во понеделник на Клик Плус рече дека ќе биде тежок удар врз правдата доколку Врховниот суд ги уважи помилувањата на поранешниот претседател, Ѓорѓе Иванов, а во врска со реакциите на лидерот на ДД, Изет Меџити за ова прашање, рече дека лови по гласови за следните избори.