ДУИ обвинува за неквалитетно асфалтирање во Тетово – Општината: Асфалтирањето не е завршено, првиот слој беше привремен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Советниците на ДУИ во Тетово ја обвинија општината за неквалитетно асфалтирање на улицата „КРД“, патот 108 и патот кај затворот. Според нив, овие патишта се асфалтирани пред само 3 месеци и веќе се уништени.

„Ја прашуваме администрацијата на општината и градоначалникот која е целта улиците да се асфалтираат двапати  и кој има корист од оваа измама? Стотици илјади евра повторно ќе се однесат од граѓанскиот буџет за асфалтирање патишта кои веќе беа асфалтирани пред три месеци. Дури и оние работи што се правеа како што треба во Тетово, ги вршеше Министерството за транспорт, а не општината, која секојдневно се труди да ги присвои заслугите. Народна поговорка најдобро ја опишува работата на општинската администрација и градоначалникот Касами: Ноќна работа, дневен срам!“, вели Лиродон Диша.

Од општина Тетово велат дека улицата „КРД“ ќе се постави уште еден слој асфалт, како што велат првиот слој е направен само за граѓаните да не ја поминат зимата во таква состојба како што била.

„Патот КРД беше асфалтиран во зима, бидејќи патот беше во многу лоша состојба. Сметавме дека е разумно да се постави слој за жителите да се движат по тој пат, додека патот не е завршен бидејќи ќе се постави уште еден слој. Во моментот кога ќе биде поставен, ќе се промовира улицата“, вели Бесарта Дурмиши.

Инаку, општината асфалтираше неколку сообраќајници во Тетово, со средства  што беа предвидени за санирање на дупките.