ДУИ одржа средба во Тетово, се сретнаа и лидерите на ЕФ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Централното раководство на ДУИ одржа средба во Тетово на која било разговарано за следните чекори по вчерашната иницијатива „Стража за јазикот“, пред Уставниот суд. По средбите, Арбр Адеми рече дека се преземаат сите мерки за да се спречи, како што рече, укинувањето на албанскиот јазик.

-Сите мерки се преземаат, гледате дека граѓаните се повеќе без разлика на нивната политичка определба се приклучуваат на нашата иницијатива. Верувам дека пред волјата на граѓаните сите ќе се повлечат, а уште повеќе кога нема никаков професионален аргумент туку само политичка мотивација за тие кои се обидуваат да го укинат албанскиот јазик, изјави Арбр Адеми од ДУИ.

Претходно во седиштето на ДУИ, состанок одржаа и лидерите на ЕФ. Претседателот на АА, Зијадин Села, изјави дека Владата преку уставните судии се обидува да ја реализиара програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Додаде дека законот за јазиците не е воопшто противуставен.

-Законот за употреба на јазиците воопшто не е противуставен. Вака не се гради кохезивно општество, ниту соживот, напротив. Вака се поставуваат првите чекори кон дестабилизација. За волја на вистината и покрај тоа што Владата тврди дека опозицијата сака дестабилизација, тие поттикнуваат дестабилизација. Зборувавме и во врска со иницијативата „Стража на јазикот“, за кое имаме разговарано претходно, дека ЕФ, граѓаните се таму и со право го штитат законот за јазиците, изјави Зијадин Села, АА.

Од средбата во Тетово, лидерите на ЕФ се упатија кон Скопје, односно кај шаторите пред Уставен суд.