Реакциите на опозициските партии за ветингот се навредливи и несериозни, велат од ДУИ. Парламентарната група на ДУИ вчера во Собрание достави предлог закон за ветинг. За ова реагираа опозициските партии велејќи дека ДУИ нема морално право да презема таква иницијатива и ја оценуваат како смешна идејата што ја предлага ДУИ. Во денешната реакција на ДУИ се вели:
Движење Беса постапките на ДУИ ги гледа како несериозни и потценувачки за интелигенцијата на Албанците.
Според АА пред распуштање на Собранието нема време за ветинг, но доколку истиот се направи некогаш, може да се реализира само во координација со ЕУ И САД.
Според законот за ветинг предложен од ДУИ, треба да се формира агенција која ќе направи контрола на сите носители на јавни функции. Се предвидува избор на регулаторно тело во Собрание кое ќе спроведе ветинг на политичарите, носителите на јавни функции, судии, обвинители. Овој закон предвидува контрола на сите носители на функции, но и на сите оние кои се кандидати за функција, пред да бидат избрани, да се објават сите сертификати и информации за секој кандидат.
