И официјално утре почнува изборната кампања. Во 13 часот, ДУИ ќе ја стартува кампањата во Преспа.
ТВ21 дознава дека на стартот на изборната кампања, претседателот на ДУИ, Али Ахмети ќе го објави името на првиот премиер Албанец. Единствено се знае дека тој нема да биде политичка фигура.
Во изминатиот период се шпекулираше со различни имиња. Најпрво се споменуваше бизнисменот од Тетово Лазим Дестани, но самиот тој ја отфрли можноста да биде кандидат за премиер.
Потоа се шпекулираше и со името на универзитетскиот професор Абдулменаф Беџети, меѓутоа во емисијата „10МИНУТИ“ на ТВ21 демантираше изјавувајќи дека тоа не се совпаѓа со неговата агенда, и дека има уште две години мандат како ректор на Универзитетот на југоисточна Европа.
