Импровизираа дека почнале изборите на 15 јули, а за премиер е избран кандидатот на ДУИ, Насер Зибери. Имагинацијата одеше до таму што Зибери ја „отвори“ првата владина седница надвор од Влада.
„Мои сограѓани, дозволете ми да ја отворам првата седница на Владата на Република Северна Македонија“, истакна Насер Зибери.
Среде седница започна реалноста, кажувајќи ја план програмата за 100 дена влада.
„Јас ќе предложам до истекот на првите 100 дена да формирам суд за еднаквост кои ќе ги истражува корените за дискриминација на државно ниво доколку се случи во судска сала, на работа, на училиште, во општина и секој друг работен амбиент“, посочи Зибери.
Поради високите температури импровизираната седница изгледа заврши порано. Во нивната програма велат дека ќе направат неколку измени, мултиетничка химна, задолжително изучување на албанскиот јазик, ветинг за сите, флексибилно работно време, младински фонд за иновации, се само некои од приоритетите на владината програма на ДУИ.