ДУИ: ВЛЕН доцни со автопатот Скопје-Блаце, „ист проект, но 30 милиони евра поскап“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Не изостанаа партиските препукувања за автопатот Скопје-Блаце. Од ВЛЕН, алудирајќи на претходните владеења, рекоа дека повеќе од една деценија автопатот останал политичко ветување, со симболични почетоци и предвидени средства, но никогаш не бил завршен.

Опозициската ДУИ, пак, го обвини ВЛЕН дека продолжувањето на автопатот Скопје-Блаце го претставува како успех, иако, според партијата, проектот бил завршен на 2 мај 2023 година и истата година бил тендериран за околу 183 милиони евра.

Според интегративците, по повеќе од две години доцнење, проектот не е променет ниту во трасата ниту во содржината, додека трошоците за околу 10 километри се зголемиле на речиси 210 милиони евра. ДУИ бара одговор зошто проектот бил блокиран две години и зошто сега граѓаните ќе плаќаат околу 30 милиони евра повеќе.

Партијата ова го оценува како последица на лошото управување од страна на ВЛЕН.