Дујовски: Не е време за оставка на Филипче, кој ќе го води во ова време министерството?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Професорот од факултетот за безбедност Никола Дујовски, беше гостин во „Клик Плус“ на ТВ21. Зборувавме на актуелната тема, за пожарот на ковид болницата во Тетово.

Дујовски кажа дека сега не е време за оставка на Филипче, бидејќи земјава и натаму се соочува со борба со ковид-19 и треба некој да го води министерството.

„Во оваа фаза само морална одговорност има. За политичка треба да одлучи премиерот. Ценам дека сега не е време за оставка на Филипче. Кого ќе поставиме? Пред нас и натаму имаме сериозен предизвик, имаме ковид, мора да продолжи борбата. Оставката на Филипче и неговиот заменик нема да помогнат“, рече Дујовски.