Дуќанџиите се жалат: Плаќаме кирија, работа немаме – пандемијата ја отежнува работата на малите бизниси, бараат помош

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Затворени дуќани и локали кои се издаваат…

Ова е сликата од трговскиот центар во Тетово.

Повеќето сопственици не се ни обиделе да ги отворат, а тие што ги отвориле велат дека нема воопшто фреквенција. Продавачите апелираат полицискиот час да се смени, бидејќи месецот поминува, се ближи киријата, а тие немаат воопшто работа.

„Не работиме воопшто, во голема криза сме, тие излегуваат зборуваат на ТВ, но нека излезат на терен да видат каква е работата. Владата мора да ни помогне, бидејќи ние како ги отвораме така ги затвораме дуќаните, јас работам сам, имаме кирија, имаме трошоци, тие ни велат седете дома а од друга страна никој не излегува за ние да работиме“, вели сопственик на дуќан.

„Во моментов е многу тешко во Тетово, нема раздвиженост на граѓаните, седиме цел ден, полициски час е, треба да има други мерки инаку не можеме да излеземе на крај“.

Анкетираните граѓани велат дека владините мерки се коректни.

И покрај мерките, и натаму владее хаос пред банките. Снимките покажуваат дека ниту мерките од кризниот штаб во Тетово ниту барањето секоја банка да одржува ред, ниту делењето на пензии на одреден датум ниту асистенцијата на армијата не го дадоа потребниот ефект.