Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашко Дуковски на денешните изјави по рочиштето за „Рекет“, каде беа прикажани снимки од тајното следење на полицијата, истакна дека полицискиот извештај во примената на ПИ мерки треба да биде следен со соодветен видео материјал, а во конкретниов случај тоа не било така.
На новинарско прашање за тоа дали го добиле решението за притвор на Бојан Јовановски, Дуковски посочи дека се уште го немаат, но го очекуваат.
