Вака изгледаат дел од улиците во градот и неколку населби, дупки кои беа санирани во мај минатата година, но повторно се отворени, дури состојбата е уште полоша. Дел од дупките се уште подлабоки и едвај се поминуваат, нешто што се случува секоја година.
„Овие пред мене се дупките кои беа санирани минатата година и уште пред да помине една година тие повторно се отворија при што станаа уште поголеми дупки, на повеќето од нив не може да се помине со автомобилите и треба да се премине на другата лента за да поминат по улиците“, вели репортерката на ТВ21.
Градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари вели дека тоа се случува како последица на дождот, лошиот квалитет на работата на фирмите кои ги добиле тендерите, како и тешката механизација која се движи низ градот.
„Тоа се случува и поради лошиот квалитет на работата, но сепак треба да се земе предвид еден факт, не подалеку од вчера или завчера, деновиве бидејќи времето беше добро тешки машинерии се движат низ градот со голема тежина кои не се дозволени и тие се една од главните причини кои влијаат на уништување на улиците и очекувам надлежните органи и полицијата да ги стопираат и да придонесат во овој аспект, но дупки се исто така последица на дождовите и времето“, порача Фатмир Дехари.
Дехари вети дека дупките повторно ќе се санираат, а работите ќе почнат по една недела за да се санираат градските улици и тие од околните села.
