Дурмиши: За две години спроведовме реформи што носат повеќе инвестиции, нови работни места и подобар животен стандард

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, на денешната прес-конференција по повод две години од работата на Министерството за економија и труд ги презентираше клучните резултати, реализираните реформи и политиките што во изминатиот период беа насочени кон заштита на животниот стандард на граѓаните, зголемување на вработеноста, подобрување на деловната клима и поддршка на инвестициите.

„Денес не сум тука да зборувам за политички оценки. Тука сум да зборувам за резултатите. Во изминатите две години реализиравме политики кои имаат директно влијание врз граѓаните, компаниите и економскиот развој на државата“, истакна министерот Дурмиши.