НЕОФИЦИЈАЛНО: Душко Вескоски директор на УЈП? Лукаревска се сели во Влада како вицепремиер за борба против корупција?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот директор на Водовод Душко Вескоски како што неофицијално од партиски извори дознава ТВ21, можно е да биде кандидат за директор на Управата за јавни приходи.

Сања Лукаревска актеланта директорка на УЈП, веројатно ќе добие повисока функција во Влада.

Лукаревска вчера за ТВ21 ги коментирaше овие најави.

„За владиониот кабинет, неговиот состав и кадровската понуда ќе се дискутира на следната седница на Централниот одбор на СДСМ која ќе биде по новогодишните празници, така што заеднички сите ќе ги носиме тие многу битни од друга страна сензитивни одлуки за државата“, потенцираше Лукаревска.

Утре новиот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски го добива мандатот од претседателот Стево Пендаровски, по што започнува да тече рокот од 20 дена за состав на нова Влада и програма која подоцна треба да се гласа во Собранието.

Според најавите, Македонија нова Влада треба да добие до средината на јануари.