Два километри од патот Скопје-Блацe ќе бидат пуштени во употреба во текот на ноември

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Заменик директорот на Јавното претпријатие „Државни патишта“, Назим Таипи, денеска во „Дејли клик“ на ТВ21 рече дека иако патот Скопје-Блаца се ветуваше со децении, за жал, тој се уште не е завршен.

Како што вели, за 2-те километри за кои се говореше дека ќе бидат свечено отворени во октомври, Таипи го одложи рокот за следниот месец.

„За релација Скопје-Блаце се зборува долго време. За овој пат се даваа многу понуди и ветувања со децении и жал ми е што во последните 10 години во секој изборен циклус се ветуваше да се изгради овој пат, но сега после 10 години дојдовме да изградиме само 2 километри од патот. Во моментов на тој фамозен потег од 2 километри се завршени 97-98 отсто од работите и се очекува многу брзо да биде пуштен во употреба“, рече Назим Таипи.

Модератор: Наскоро кога?

„Технички има некои мали пречки, во фаза сме на сигнализација, но сметаме дека овој пат ќе биде готов во текот на следниот месец“, рече Таипи.