Два месеци од воведувањето на „Safe City“ – бројот на сообраќајни прекршоци расте, но паѓа бројот на приговори за казните

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во месец март имало поголем бној на сообраќајни прекршоци, во споредба со февруари.

-Бројот на регистрирани прекршоци е зголемен – во март се евидентирани 26.241, во споредба со 19.066 во февруари. Најголемиот дел се за пречекорување на брзината, вкупно 25.230, потоа 941 за истечена сообраќајна дозвола, додека прекршоците за поминување на црвено светло се намалени на 70, пренесува репортерката на ТВ21, Фазиле Халили.

Во споредба со прекршоците, бројот на жалби поднесени од граѓаните и правните лица за казните значително е намален во март, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Оттаму посочуваат дека веќе се завршуваат и постапките по претходно поднесените жалби, при што во текот на март со судска одлука се решени 92 случаи.

-Во месец март 2026 година, во Основниот кривичен суд Скопје се поднесени 65 жалби, односно барања за поведување прекршочна постапка пред суд, од кои 22 жалби од правни лица и 43 од физички лица. За споредба, во февруари се поднесени вкупно 476 жалби, односно 431 од правни лица и 45 од физички лица, соопштија од Основниот кривичен суд Скопје.

Но, дали системот „Safe City“ ја зголеми безбедноста во сообраќајот?! Граѓаните со различни мислења.

-Треба да има многу поголеми казни, само така мислам дека ќе се освестиме. Јас, како пешак, сум многу загрозена, искрено да ви кажам. Не гледам во семафорот, туку гледам дали автомобилот забрзува. Внимавам и кога сум на пешачки премин без семафор. Значи, можеби „Safe City“ ќе направи нешто, вели граѓанка.

-„Safe City“ е добра работа, но кај нас не се применува како што треба. Погледнете колкав е сообраќајот – состојбата е сè уште многу лоша, не може да се движи. На пешачките премини, возилата паркираат на тротоарите и не дозволуваат минување на пешаците, а никој не презема мерки, вели граѓанин.

-За безбедноста може да се каже дека е подобра, но има многу сообраќајни застои. Сообраќајот не функционира добро бидејќи возилата се собираат од семафор до семафор. Поминуваат само 2-3 возила и нема доволен проток, вели друг граѓанин.

Инаку, „Safe City“ започна да се применува од февруари оваа година, иако беше предвидено да стартува во јануари, но поради технички проблеми рокот беше одложен. Досега, камерите се поставени во Скопје, на Коридорите 8 и 10, како и во Тетово и Куманово. Во тек е постапување камери и во Велес, а се очекува пред летната сезона да профункционираат камерите во Охрид и Струга.