Два патници во тешка состојба – ден на жалост на Косово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Две лица кои се тешко повредени во тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера на автопатот кај Славонски Брод и натаму се во животно-загрозувчка состојба.

Тешко повредените во текот на денот ќе бидат префрлени во Загреб, каде што веќе се наоѓа една патничка со повреда на половината.

Од 67 патници од автобусот од Косово кој сообраќаше на линија Франкфурт-Приштина, загинаа 10 лица меѓу кои и совозачот.

Во локалната болница примени се 44 патници, од кои 15 со тешки повреди.

Патниците со лесни повреди во текот на денот ќе бидат отпуштени, синоќа местото на несреќата и болниците ги посети косовскиот премиер, а денеска во Косово е ден на жалост.

Поради несреќата, полицијата го уапси 52 годишниот возач, косовски државјанин кој за време на првиот исказ рекол дека задремал зад воланот.