Два силни земјотреси утринава во Загреб и северозападна Хрватска. Првиот се случил во 6:24 часот со 5,5 степени според Рихтеровата скала. Веднаш потоа во 7:01 часот се случил и втор со јачина од 5 степени. „Антишок“ се случил и нешто подоцна со јачина од 3,7 степени.
Во широкото епицентарно подрачје во Загреб и околината, земјотресот придонесе за неколку оштетени објекти и автомобили.
Полицијата и брзата помош јавиле дека имале многу повици утринава. „Јутарњи“ пишува дека бил евакуиран и претседателот Зоран Милановиќ.
Од министерството за внатрешни работи дадоа предупредување сите жители да ги напуштат објектите, и да се оддалечат од електрични кабли.


