Двајца кандидати во трка за претседател на Регулаторната комисија за енергетика

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Двајца кандидати се пријавиле на јавниот оглас за избор на нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Според информациите, на огласот аплицирале Ацо Ристов, поранешен градоначалник на Радовиш, и Шамил Реџепи, вработен во Регулаторната комисија.

Комисијата за прашања на изборите и именувањата утре ќе ги разгледува пријавите на седница, по што треба да предложи кандидат до Собранието.

Огласот беше распишан откако досегашниот претседател Марко Бислимоски поднесе оставка. Тој ќе ја извршува функцијата до изборот на нов претседател на Комисијата.

Согласно Законот за енергетика, по разгледување на кандидатурите, собраниската Комисија предлага предлог-кандидат за претседател на РКЕ, за кој конечната одлука ја носи Собранието.