Двајца млади фудбалери загинаа во сообраќајна несреќа во Италија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Италија е во жалост по тешката сообраќајна несреќа во која загинаа двајца млади фудбалери.  Фабио Роса и Данило Боз загинаа вечерта на 5 август во тешка сообраќајна несреќа во тунелот Вал Колвера, во покраината Порденоне.

Тие се враќале од тренинг кога автомобилот во кој се возеле преминал во спротивната лента и се судрил челно со друго возило, а ударот, за жал, бил фатален за двајцата.

Третиот млад човек што го возел автомобилот, исто така фудбалер, ја преживеал несреќата, претрпел сериозни, но за среќа, незагрозувачки повреди. Во другото возило, 72-годишна жена се здобила со полесни повреди и била однесена во блиската болница. Причината за несреќата сè уште е непозната.