Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека двајца пациенти на Инфективната клиника веќе имаат и втор негативен тест, додека петмина други имаат негативен прв тест, но на нив ќе биде направен и втор негативен.
Со тоа, како што кажа Филипче, во следните 2-3 дена потенцијално седум пациенти може да бидат пуштени на домашно лекување.
