Двајца пилоти на Кралските воздухопловни сили (РАФ) се здобиja со полесни повреди, откако се катапултирале од својот тренажен авион во моментите пред тој да се урне, соопштија полицијата и РАФ.
Авионот Hawk T2 се урна вчера во близина на аеродромот РАФ Вали на островот Енглси, во северен Велс.
Двајцата пилоти подоцна биле прегледани и згрижени поради полесни повреди.
