Двајца пратеници заразени со Ковид-19 – Груби и Филипче: Собранието да работи он-лајн

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Регистриран е и вториот случај со Ковид-19 во Собранието. По пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, позитивен резултат добил и пратеникот од СДСМ, Лазе Таневски. Тој на својот Фејсбук профил објави дека позитивен е само тој, а неговите роднини добиле негативен резултат. Вели дека ќе ја почитува мерката за изолација и дека нема никаков симптом. Во меѓувреме известено е дека и другите пратеници на ДУИ се во добра здравствена состојба.

Поради овие случаи порачано е: Собранието да продолжи со онлајн работа.

Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека онлајн работата е препорака и на Комисијата за заразни болести и дека последните случаи се причина Собранието да продолжи да работи онлајн со цел да се избегне групирање на пратениците.

Премиерот Заев земајќи ја за споредба владата, која како што рекоа, задутре ќе ја одржи првата  седница  преку апликацијата ЗУМ, и собранието може да го стори истото.

Колку пратеници ќе одат во изолација се уште не се знае, бидејќи се уште се изработуваат епидемиолошките анкети. Претходно позитивен на Ковид-19 беше еден друг пратеник, Арбен Зибери кој заврши на Инфективната клиника. ВМРО дпмне останува на ставот физичко присуство во собранието , како и останатите вработени во државава.