Двајцата странци од хотелот во Скопје, префрлени на Инфективно во изолација (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жителот на Австралија и жителот на Сингапур кои престојувале во хотел во центарот на Скопје, а кои беа тестирани за коронавирус, се префрлени на Инфективната клиника во изолација.

Резултатите покажаа дека двајцата се негативни на коронавирус, но мора да ја поминат стандарната процедура.

Вработените во хотелот полека го напуштаат објектот, откако им беше забрането со оглед дека се чекаа тестирањата од двајцата странци.

Тие двајца се единствени за денеска пријавени за коронавирус, но откако резултатите се покажаа негативни, останува бројката на заболени на едно лице, 50-годишната скопјанка која се лекува на клиниката за Инфектини болести.