Полицијата на Толедо од државата Охајо во САД, соопшти дека трага по осомничени лица откако најмалку 12 луѓе беа застрелани во близина на фестивал во градот Toledo, во американската сојузна држава .
Полициската управа на Толедо соопшти дека 10 лица се во стабилна состојба, додека две лица остануваат во критична состојба.
Полицијата реагирала по пријава за пукање во близина на фестивалот Old West End Festival околу 17:37 часот по локално време во саботата.
Заменик-началникот на полицијата Џо Хефернан изјави дека се чини оти две лица пукале со оружје и дека „најверојатно пукале едно кон друго“.
Снимки споделени на интернет, кои не се потврдени од професионални медиуми, наводно покажуваат луѓе како трчаат и врескаат додека одекнува серија истрели.
Возраста на повредените се движи од 16 до 61 година. Градоначалникот на Толедо, Вејд Капзукиевич, претходно изјави за локалниот медиум WTOL 11 дека се очекува сите повредени да преживеат. „Толедо е издржлив град и ќе излезе уште посилен благодарение на единството што го покажуваме во овој момент – и благодарение на храбрите мажи и жени од Полициската управа на Толедо и Противпожарната служба на Толедо, чии брзи реакции денес спасија животи.Да се помолиме вечерва за нив, како што се молиме и за жртвите на ова бесмислено пукање, за нашиот град и за нашата држава.“, напиша Кпузкиевич на Икс.
Фестивалот „Олд Вест Енд“ се опишува како „дводневен настан што слави една од најголемите историски населби во земјата, со музика во живо, повеќе пазари за храна, пивска градина, обиколки на куќи, шопинг и многу повеќе“.
Полицијата соопшти дека истрагата моментално е насочена кон подрачјето околу улиците Делавер Авенија и Робинвуд Авенија. Според мапата на веб-страницата на фестивалот, на таа раскрсница била поставена зона со музика и храна. Други видеоснимки објавени на интернет наводно покажуваат две лица како се однесуваат на носилки, како и повеќе повредени кои лежат на тревна површина во близина на голем шатор.
„Длабоко сум загрижен поради ситуацијата во Толедо вечерва“, изјави гувернерот на Охајо, Мајк Девајн, во објава на социјалните мрежи.
„Летните фестивали треба да бидат безбедни места каде семејствата ќе можат да поминуваат време заедно без страв од насилство. Фран и јас се молиме за сите погодени од инцидентот на фестивалот ‘Олд Вест Енд’“, напиша гувернерот, кој изрази увереност дека органите на редот ќе ги пронајдат осомничените вклучени во ова бесмислено злосторство.
