Две европски држави вложуваат милијарди во подморници

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Германија и Норвешка нарачале од германската компанија „Тисен Круп марин системс“ шест подморници од типот 212, објавија вчера министерствата за одбрана на тие две земји.

Две подморници ќе се градат за Гермаија, а четири за Норвешка.

Спрема новинската агенција НТБ, Норвешка проценува дека за тој проект ќе треба да издвои 5,2 милијарди долари.

„Тисен Круп марин системс“ ќе ги произведува подморниците во Кил, а испораката треба да почне во 2029 година, три години подоцна од планираното.

Со проектот ќе се осигураат бројни работни места во Кил и околината и ќе ја засили соработката помеѓу германската и норвешката морнарица, соопшти германското министерство за одбрана.

Преговорите за изградба на подморници почнаа 2019 година, но се одложени поради пандемијата.