Две години од најсмртоносниот терористички напад во Нов Зеланд

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нов Зеланд денеска одбележува две години од терористичкиот напад во Крајсчерч. На денешене ден во 2019 година во мирниот град Крајстчерч за време на петочната молитва, се случува масовен терористички напад во кој мета биле локалните муслимани.

Прво напаѓачот упаднал во Џамијата Ел Нур, а потоа нападот го продолжил во Исламскиот центар на Линвуд. Во нападот биле убиени 50 лица, а исто толку биле повредени.

Беше обвинет Австралиецот Брентон Тарант, кој што во живо го пренесувал овој терористички чин. Тој беше обвинет за 51 убиство и 40 обиди за убиство.

Овој напад се смета за најмсртоносниот во современата историја на Нов Зеланд.

Тарант беше осуден на доживотен затвор.