Малото рибарско село оддалечено само неколку километри од Преспа, ќе остане запишано во аналите на македонската, но и грчка држава.
Екипа на ТВ21 пред две години беше на еден ден пред потпишувањето на договорот, селото беше мирно, без знаци дека следниот ден тука ќе се пишува историја. За помалку од 24 часа, сите погледи во светот беа свртени кон Псарадес или Нивици.
Претставниците од Грција пристигнаа преку копно, проследени со групи на демонстранти, а Заев со тимот по воден пат со глисери.
Шефот на грчката дипломатија беше во елемент.
Не само решението на пробемот, се славеше и роденденот на преговарачот Нимиц.
Во присуство на високи претставници од ЕУ, договорот беше потпишан.
За спомен од историскиот чин, премиерот Заев ја извади својата вратоврска и му ја подари на Ципрас, кој изгледа не се чувствува удобно било што да го стега за вратот.
Преку Преспанското езерто, македонската и грчка делегација беше префрлена на дургиот брег од Преспа.
Таму следуваше заедничка фотографија и крајот на свеченоста, но и почеток на нови проблеми.
Мирните езерски води, ги нарушија организирани протести од страна на ВМРО-ДПМНЕ, во градот под Пелистер. Па така, уште не роден, договорот беше погребан.
Опозициите во двете земји за време на потпишување на договорот реагираа негативно, а Нова демократија по преземањето на власта во Грција, ја омекна позицијата, поддржувајќи со ставот дека земјата има континуитет, Договорот е веќе потпишан и ратификуван, а Грција ќе го почитува. ВМРО-ДПМНЕ, се уште не го променила ставот.
Две години подоцна, благодарение на овој договор, нашата држава стана полноправна членка на НАТО, и доби зелено светло за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ.
