Финансиската полиција со кривична пријава за измама и перење пари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против пет лица и две компании за перење пари, измама, фалсификување деловни книги и даночно затајување. Според истрагата, сопственикот на компанија од Скопје, Д.К., во 2022 година склучил договор со словенечка компанија за продажба на железнички шини, во вредност од над 21 милион денари.

Тој добил аванс од 283 илјади евра, но не ги испорачал шините, ниту ги вратил парите. Потоа, околу 16,7 милиони денари биле префрлени преку фиктивна фактура за наводна набавка на пилешки копани, додека парите завршиле на сметка на друго лице.

Финансиската полиција се сомнева дека парите потоа биле конвертирани во странска валута, подигнати во готовина и искористени за купување возило.

Исто така, постои сомнение за прикривање на трансакции и избегнување плаќање данок во износ од околу 1,9 милиони денари.