Две лица се повредени откако автомобил синоќа падна во реката Вардар во селото Челопек, пренесува ТВ21.
Едниот од повредените е возачот на автомобилот, додека другата е патничка која била во автомобилот.
Сè уште не се познати причините што довеле до лизгањето на автомобилот и неговото паѓање во реката Вардар.
