Црна Гора потврди дека две лица се заразени со „Q-треска“, соопшти вечерва Институтот за јавно здравје на земјата.
Двете лица не се пожалиле на ништо за време на тестирањето, меѓутоа изјавиле дека имаат симптоми на оваа болест претходниот месец. Заразените лица живееле на фарми во Даниловград.
Во оваа општина во повеќе случаи се евидентирани инфекции кај домашните животни. Исто така, во општина Никшиќ во текот на 2024 година е регистрирана „Q-треска“ кај животни во шест различни фарми. Завршен е епидемиолошки надзор во четири фарми, каде не е регистрирано заболување кај изложените лица. Надзорот во две фарми е во тек.
Според законот на Црна Гора, Q-треската кај луѓето мора да се пријави кај властите. На почетокот на годинава беа потврдени уште два случаи, еден во Бијело Поље и еден во Подгорица.
ФОТО: Архива
