Две лица загинаа и шест се ранети за време на забава во Лос Анџелес

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку две лица се убиени, а шест се ранети денес во пукотница за време на забава по музички фестивал во центарот на Лос Анџелес, соопштија властите.

Полицијата соопшти дека е уапсен еден осомничен за пукањето.

Забавата беше промовирана на социјалните мрежи како неофицијална забава по фестивалот „Хард Самер“, викенд фестивал на техно музика што се одржува во Холивуд Парк, објави АП.

ФОТО: Архива