Две лица загинаа три тешко повредени во Шпанија откако автомобил излета од пат и удри во тераса на ресторан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Две лица загинаа, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи во четвртокот вечерта на морскиот брег во градот Фуенгирола во Малага, откако автомобил удри во столб, а потоа со голема брзина излета од патот и удри во тераса на ресторан.

По несреќата, уапсена е 45-годишна Иранка која го управувала возилото без возачка дозвола и била позитивна на алкохол-тест, пренесува шпанскиот портал Диарио Сур.

Од ударот на автомобилот возилото се одбило и се судрило со друго возило кое доаѓало од спротивна насока.