Две лица загинаа во пад на мал авион во близина на Валенсија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Две лица загинаа денес во падот на ултралесен авион што се урна во областа Ел Понтон, во близина на шпанскиот град Валенсија, соопштија локалните здравствени власти.

По пристигнувањето на местото на несреќата, екипите за итни случаи можеле да ја потврдат само смртта на две лица кои биле во авионот, објави агенцијата ЕФЕ.

Авионот се урна во земјоделска област во близина на градот, а истражни извори велат дека двете жртви биле жители на Валенсија.

ФОТО: Архива