Медицинска работничка на Ортопедија која сакаше да остане анонимна се жали дека 8 години работи, а се уште нема решение. Се надева дека ќе добие вработување и нема да мора да ја напушти земјава, бидејќи со минимална плата колку што сега прима едвај го поминува месецот.
„Кога немаш пензиско, здравствено, стаж не ти тече тоа е најглавно за мене. Со оглед на моите години се надевам дека ќе биде и ќе останам тука“.
Колку ти е основна плата?
„Минималец“.
Сите знаат, во денешно време колку е со минималец колку може да си
И токму поради вакви случаи се поалармантен е податокот дека постојано од земјава во европските земји заминуваат и доктори и медицински сестри. Со тоа не само што медицинскиот кадар се намалува кај нас туку, поради заминувањето на искусен стручен кадар мора да се примаат нови кои немаат искуство.
„На годишно ниво во просек заминуваат 250 доктори во западноевропските земји а додека медицински стручен кадар со средно образование бројката е дуплирана над 400-500 средно-медицински персонал. А во врска со бројката за тоа колку ни е потребен кадар ние во Синдикатот направивме една статистика, значи фрапантна е бројката околу 1.900 ни фалат на цела територија на Република Македонија средно-медицински кадар, околу 990 специјалисти и доктори по општа медицина“, вели Боби Бојчевски.
Но според директорот на Фондот за здравство Сашо Клековски проблемот со недостигот на лекари е тоа што тие не сакаат да работат во малите места и не прифаќаат да бидат матични лекари. Како пример го посочи Дебар каде има невработени лекари кои не прифаќаат да работат таму.
„Има и културолошки проблеми, меѓутоа има во системот за наградување дефекти да во основа луѓето не се мотивирани да останат во малите места. Еве во Дебар има 10 невработени лекари а има празни работни места како матичен лекар. Ама не сакаат веќе луѓето да работат како матични лекари зашто парично е потценета таа позиција“, вели Сашо Клековски.
Министерот за здравство Арбен Таравари потврди дека има недостиг на лекари и притоа повторно вети дека ќе има вработување. Тој рече дека во текот на наредниве месеци ќе бидат вработени 300, а до крајот на годинава уште 300 други специјализанти.
