Две жртви од невремето во Грција, во поплавите во Турција загинаа четири лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Безживотно тело на постара жена утрово било пронајдено во месноста Палаци во областа Магнисиа и е втората жртва во невремето „Даниел“ што од вчера ја зафати Грција, јави дописничката на МИА од Атина. 

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос за државната телевизија ЕРТ утрово рече дека едно лице сè уште е исчезнато.

Вчера, животот го загуби сточар откако врз него паднал ѕид, поради лизгање на земјиштето.

 Најмалку четири лица загинаа, а четири се водат како исчезнати во поплавите во Турција, соопштија властите.

– Најмалку две лица загинаа во поплавите во Истанбул, а десетина луѓе се спасени, изјави градоначалникот Давут Ѓул.

Додека турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја наведе дека две лица загинаа, а четворица се водат за исчезнати во поплавите во туристички камп во провинцијата Киркларели, во близина на границата со Бугарија.