Од ВМРО-ДПМНЕ за овој закон поднесоа два амандмани откако вчера ги усогласија со коалицискиот партнер ВРЕДИ. Со ова се предвидува можноста тестирањето да се одвива и на албански јазик доколку тоа е барање на самиот кандидат, а истото ќе важи и за издавањето на лиценци.
„Лиценцата се издава на македонски јазик и неговото кирилско писмо а доколку подносителот на барањето зборува јазик кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Македонија на неговото барање му се издава на македонски јазик и на неговото кирилско писмо и на јазикот кој го зборува и неговото писмо. Ова право ќе го направат еднакво за сите граѓани кои што живеат во оваа држава, за сите подеднакво. Секој граѓанин ќе има право овие документи да ги добие на начин на кој што ќе го упати сопственото барање“, вели Бојан Стојановски.
Но од Европскиот фронт не се согласуваат и рекоа дека ќе гласаат против бидејќи тоа не претставува подобро решение од претходното.
На излагањето на Пашоли реагираше Халил Снопче од ВРЕДИ.
Опозициската СДСМ најпрво критикуваше дека законот не ја поминал расправата во матичната комисија туку во сосем друга, а потоа преку двата амандмани предложи да се избришат двата члена на кои имаше забелешка и самата претседателка Силјановска.
„Предлагаме ставот 2 од членот 9 да се избрише, односно ставот 4 од постоечкото решение на самиот закон во членот 177 со што би постапиле и по укажувањето на претседателката на Република Северна Македонија меѓутоа и би го испочитувале Уставот на Република Северна Македонија“, вели Јована Тренчевска.
Законот за детска заштита беше усвоен пред Новогодишните празници, но претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова не го потпиша указот за да се усогласат со Уставот. По повторното изгласување претседателката нема право повторно да употреби суспензивно вето и е должна да го потпише законот.
