ДЗС: Тројца членови на семејство во 60 квадрати, речиси сите со мобилен телефон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Државниот завод за статистика во „Статистичкиот годишник на Република Северна Македонија 2025“ објави податоци за условите за живеење на македонските домаќинства. Според извештајот, најголем дел од домаќинствата, околу една третина, живеат во трисобен стан со површина од 51 до 70 метри квадратни.

Над 92,7% од семејствата живеат во сопствен стан, 5,1% кај роднини, а само 2% во стан под закуп. Околу 32% живеат во стан од 51 до 70 метри квадратни, додека над 26% користат поголеми станови со површина од 81 до 100 метри квадратни. Само 10% од домаќинствата се во помали станови од 31 до 50 метри квадратни, а 14,5% имаат станови поголеми од 100 метри квадратни.

Според бројот на соби, 36,3% од домаќинствата живеат во трисобен стан, 28,6% во четирисобен или поголем, 26,4% во двособен стан, додека еднособен стан или гарсоњера користат 4,5% од семејствата.

Кога станува збор за опременост, над 90% од домаќинствата поседуваат мобилен телефон, додека фиксна линија имаат само 22%. Персонален компјутер поврзан на интернет имаат речиси половина од семејствата (46,5%).