Она што беше потпишано од двете страни доби и печат од ЕУ.
Примената на онлајн алатката за учење за човековите права за административните службеници доведе до потпишување на меморандум за соработка меѓу Министерството за јавна администрација и ЕУ. Министерот Минчев рече дека ова е алатка за дополнителна едукација на јавната администрација, но не е услов за чекорите кон ЕУ.
– Ова е дел од стратегијата за реформи во јавната администрација 2023–2030, но е дел од нашата реформска агенда. Ако конкретно мислите на исполнување на нашите чекори кон ЕУ: не, но тоа е алатка што е дел од пошироката стратегија, која овозможува едукација што е еден од нашите највисоки приоритети како Министерство за јавна администрација и се поврзува со донесениот закон за формирање на академија, која треба да почне да функционира од 01.01.2027, изјави Горан Минчев, министер за јавна администрација.
Проектот за владеење на правото е поддржан од Европската Унија, а при промоцијата на онлајн алатката за едукација на јавната администрација, амбасадорот на ЕУ во Скопје, Михаелис Рокас, истакна дека земјите-кандидати треба да ги унапредуваат антидискриминаторските практики, социјалната еднаквост и заштитата на човековите права.
– Како да се почитуваат човековите права и да се борите против сите дискриминаторски сили, без оглед на потеклото и условите во секое општество. Човековите права не се апстрактни принципи, туку темели на човечкото достоинство, социјалната кохезија и демократската отпорност, овозможувајќи им на поединците да градат инклузивни демократски и општества отпорни на дискриминација и корупција, изјави Михалис Рокас, Амбасадор на ЕУ во Македонија.
Според властите, бројот на вработени во јавната администрација, без исклучок на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, изнесува околу 130 илјади. Од тој број има природно намалување, но и природно зголемување преку пополнување на испразнети места, како пензионирања или реорганизации, но Минчев нагласи дека нема отпуштања од државна служба.
