Еден месец култура, уметност и спорт во Чаир! Од 1 јуни започнува „Културно лето 2026“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Општина Чаир го презентираше „Културно лето на Чаир 2026“, едномесечна програма со културни, уметнички, спортски и забавни активности за сите возрасти.

Од 1 до 30 јуни, во Старата скопска чаршија и на различни локации во општината ќе се организираат настани со цел раздвижување на јавниот живот и промоција на локалната култура и традиција.

Од Општина Чаир соопштија дека програмата опфаќа активности за сите генерации, при што Чаршијата и други простори ќе се претворат во центри на култура, традиција, музика и креативност.

„Културно лето на Чаир 2026“ е замислено како манифестација што ги обединува граѓаните и го претвора Чаир во простор за дружење, прослава и културни настани во текот на целиот јуни“, велат од општината.