Еден силен и серија послаби земјотреси го погодија Чиле

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, ноќеска го погоди Чиле.

Земјотресот бил во централниот дел, со длабочина од 2 километри на самото крајбрежје од земјата.

Три часа после тој земјотрес, следуваа уште најмалку пет мали, со јачина меѓу 3,1 и 3,4 степени како афтершокови.

Силен земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди Фиџи, како и Северен Алжир со јачина од 5,3 степени.