Еден загинат, двајца се водат како исчезнати во експлозија во железарница во Питсбург

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неколку лица беа повредени денес по експлозија во челичарница во предградие на Питсбург, Пенсилванија, каде што пожарникарите се борат со пожар додека густ чад се издига од објектот, објавија американските медиуми.

Едно лице загина, а десетици се повредени во експлозија во фабриката „Ју-Ес Чел“ во близина на Питсбург, Пенсилванија, во вторник, а екипите за итни случаи сè уште се обидуваат да ги спасат ранетите, соопштија официјални лица.

Портпаролката на Управата за вонредни ситуации на округот Алегени, Кејси Рајнер, изјави дека едно лице загинало во експлозијата, а две се водат како исчезнати, објави АП.

Губ чад се издигаше од фабриката по експлозијата, а официјалните лица ги замолија жителите во радиус од една милја од фабриката да останат внатре, да ги затворат сите прозорци и врати и да избегнуваат вдишување на надворешен воздух, како што е користењето на издувни вентилатори.

Локалниот здравствен оддел соопшти дека не открил нивоа на саѓи или сулфур диоксид над федералните стандарди.

Гувернерот на Пенсилванија, Џош Шапиро, објави на X порано денес дека неговата администрација е во контакт со локалните службеници во Клертон.

„Местото на несреќата е сè уште активно, па затоа секој што е во близина треба да ги следи упатствата на локалните власти“, напиша Шапиро, повикувајќи ги луѓето да му се придружат во молитвата за заедницата Клертон.

Фабриката, која се наоѓа јужно од Питсбург, се смета за најголема фабрика за претворање на јаглен во кокс во Северна Америка и е една од четирите големи челичарници за „Ју-Ес Стил“ во Пенсилванија, која вработува неколку илјади работници.

Фабриката го претвора јагленот во кокс, клучна компонента во процесот на производство на челик.

За производство на кокс, јагленот се гори во специјални печки на високи температури со часови за да се отстранат нечистотиите што инаку би можеле да го ослабнат челикот.

Процесот создава она што е познато како гас од коксна печка – составен од смртоносна мешавина од метан, јаглерод диоксид и јаглерод моноксид.