Македонскиот претставник џудистот Еди Шерифовски го заврши својот настап на ЛОИ.
Тој имаше пораз во првото коло во категоријата до 81 килограм, каде за жал немаше сила бидејќи за противник имаше актуелен светски шампион, Бразилецот Гиљерме Шмит кој беше подобар со ипон во воведната борба.
Шерифовски е трет македонски олимпиец со настап на игрите, по Ѓуретановиќ во пливање и Мојсовска во стрелаштво.
До крајот на ЛОИ, Македонија ќе има свои претставници и во таеквондо – Милијана Релјиќ, борење слободен стил – Владимир Егоров и маратон – Дарио Ивановски.
