Една година од хеликоптерската несреќа во која загинаa Коби Брајант и неговата ќерка

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денеска се одбележува една година откако легендарниот поранешен кошаркар во НБА, Коби Брајант, загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија.

Коби загина во хеликоптерска несреќа на 26 јануари 2020 година.

Во оваа несреќа животот го загубија неговата ќерка Џиана Џиџи Брајант, како и бејзбол тренерот Џон Алтобели, неговата сопруга Кери и ќерката Алиса која заедно со Џиана тренирала во „Мамба академијата“, Кристина Маузер која ги тренирала девојчињата и работела во Академијата, Сара Честер и нејзината ќерка Пејтон (13) и пилотот Ара Зобајан.

Тие патувале кон „Мамба академијата“ каде девојчињата требало да одиграат натпревар.

Брајант е роден 1978 година во Филаделфија, а целата кариера играше за Лос Анџелес Лејкерс од 1996 до 2016 година, освојувајќи пет титули во НБА.

Беше двапати најкорисен играч на финалето во НБА, еднаш МВП од регуларната сезона, 18 пати учествуваше во „Ол-стар“, победи на натпревар за забивање, двапати беше најдобар стрелец на лигата.