Денеска се одбележува една година од трагичната автобуска незгода кај Ласкарци, во која животот го загубија 16 лица, а повеќемина беа повредени.
Во автобусот кој се обраќаше од Скопје до Гостивар, на излезот од главниот град излета од лентата и се преврте на другата страна. Во него во моментот на несреќата имаше 51 патник.
Веднаш реагираа најпрво мештаните на Ласкарци, а потоа и екипи на прва помош. Првично беа 13 загинати, а потоа уште три лица подлегнаа на повредите од несреќата.
Утринава во 5 часот се одржа марш кој ќе биде од Ласкарци до Гостивар, каде што требаше да пристигне автобусот на „Дурмо Турс“.
Многумина роднини, пријатели и најблиски се потсетија на своите најблиски кои беа во кобниот автобус на 13 февруари 2019 година.
