Една и пол година ветуваат – колку време треба да се реконструира улица од 500 метри?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На овој дел од патот, автомобилите ја намалуваат брзината. Некаде е со калдрма, некаде со плочки бекатон, некаде со асфалт, а најголем дел е со дупки. Родителите кои ги носат децата во болницата за белодробни заболувања Козле треба да поминат по оваа улица. ТВ21 една и пол година известува за проблемот со оваа улица, а институциите неколку пати ветија нејзина реконструкција која се уште е во истата состојба.

-Не само автомобилите, туку оваа улица им го отежнува движењето и на пешаците. Како што изгледа ниту градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев ниту директорот на ЈП Улици и патишта, Сенад Смаиловиќ ниту градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов не можат да реконструираат улица од 500 метри која води до Детската болница Козле.-вели репотерот на ТВ21.

На почетокот ветување даде градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев.

Богоев потоа ни рече дека реконструкцијата ќе ја изведува ЈП “Улици и патишта“.

Директорот на ЈП “Улици и патишта“, Сенад Смаиловиќ пред една година рече дека реконструкцијата ќе биде завршена.

Во изминатите неколку дена ТВ21 се обиде да стапи во контакт со директорот на ЈП “Улици и патишта“, но безуспешно. Пред 5 месеци од неговиот кабинет ни рекоа одговор да бараме во Секторот за просторно и урбано планирање во Град Скопје.

Раководителот на овој сектор во Град Скопје, Никола Гаџовски во јануари оваа година вети дека работите ќе почнат во март, но и по два месеца улицата е во иста состојба, дури и полоша.

Инаку во Институтот за белодробни заболувања кај децата, Козле, дневно доаѓаат на преглед околу 100 деца од цела Северна Македонија. Оваа модерна болница е изградена пред 4 години, а улицата Загрепска која е долга 500 метра се уште е во ваква состојба. Во нашата редакција се пристигнати многу жалби од граѓани кои ги носат нивните деца на лекување таму, особено во зимскиот период.