Една жртва во пожар во Сараево

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Голем пожар избувна во центарот на Сараево, недалеку од Музичката академија, а во тек е гаснење и евакуација на жителите.

Пожарот избувнал во еден од становите на третиот кат од зградата, а сараевската полиција потврди дека загинало едно лице.

Според последните информации на агенцијата Фена, пожарот е локализиран, но сè уште не е целосно изгаснат.