Едно лице почина, а над 150 се повредени откако авион излета од пистата на аеродромот „Сабиха Гокчен“ во Истанбул.
Авионот чија компанија е „Пегазус“ превезувал 171 патник и шест членови на екипажот од западната провинција Измир и се обидел да слета во услови на пороен дожд и силен ветер.
Повеќето од патниците биле турски државјани, но имало и неколку странци.
„За жал, авионот не успеал да одржи правец на пистата во лошите временски услови и излета десетици метри надвор од неа“, изјави Али Јерликаја, гувернер на Истанбул .
