Гаши доби подарок, брош „Цветот на Сребреница“ од Колашинац

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателот на Бошњачкиот демократски сојуз, Мунир Колашинац, во пресрет на Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.

Како што објави Гаши на својот фејсбук-профил, на средбата било истакнато дека сеќавањето на жртвите, подигнувањето на свеста и солидарноста претставуваат обврска за градење општество во кое мирот, еднаквоста и човечкото достоинство ќе останат трајни и непроменливи вредности.

Гаши информираше дека бил особено почестен со симболичен подарок – брошот „Цветот на Сребреница“, кој е специјално изработен од мајките на жртвите од Сребреница.

„Овој симбол ќе остане траен спомен што ќе го чувам со емоции и одговорност, како знак на почит кон жртвите и како посветеност кон заштитата на мирот и зајакнувањето на соживотот“, напиша претседателот на Собранието.