ЕК: Земјите од Западен Балкан треба да воведат визи за граѓани од трети земји

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европската комисија вчера ги сумираше резултатите од мониторингот на безвизниот режим на ЕУ со земјите од Западен Балкан. ЕК заклучи дека БИХ, Црна Гора, Албанија, Македонија, Србија, Грузија, Молдавија и Украина треба да превземат мерки за да одговорат на препораките од претходниот извештај кои комисијата ги предложи.

За решавањето на различни проблеми врзани за борби против организираниот криминал, финансиски малверзации и перење на пари, како и за решавање на корупцијата и нерегуларни миграции, сите држави треба да превземат повеќе мерки.

Земјите мора да усогласат мерките со визна политика на ЕУ, па така мора да воведат визи за граѓани од трети земји.

„Усогласувањето на визите е задолжително. Незамисливо е нашите партнери од Западниот Балкан да имаат безвизен режим кон трети земји, чии граѓани ги користат сите правни празнини за да влезат во земјите од ЕУ“, рече потпретседателот на ЕК Маргаритис Шинас.

Токму од тука пред неколку дена министерот за надворешни работи Бујар Османи кажа дека Македонија од 1. јануари 2023 година ќе воведе визи за Куба и за Боцвана.